Четворица војници загинаа, а 60 се повредени во напад со беспилотно летало чија цел била воена база во северен Израел, соопштија израелските одбранбени сили.
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, чија цел беше камп за обука на бригадата во областа Голани, која се наоѓа меѓу Тел Авив и Хаифа. Канцеларијата за медиуми на вооружената група соопшти дека нападот бил одговор на израелските напади во јужен Либан и Бејрут.
Во нападот во Нусеј-рат загинаа и две жени. Во училиштето беа сместени некои од многуте Палестинци раселени од едногодишната војна.
Воздушни напади беа извршени и во дворот на болницата во Појасот Газа во кој загинаа најмалку четири лица, а пламенот го зафати преполниот шаторски камп за луѓе раселени од војната, каде што дваесетина се со тешки изгореници, според палестинските медицински лица.
Израелската војска соопшти дека мета биле милитанти кои се кријат меѓу цивилите. Во последниве месеци постојано се напаѓаат шаторски кампови, тврдејќи дека војниците на Хамас ги користат како засолништа.
Европската унија ги осуди нападите врз мировниците на Обединетите Нации во Либан пред состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека работата на мировниците „е многу важна, и неприфатливо да се напаѓаат трупите на Обединетите нации“.
- „Така, денес земјите-членки повторно ќе треба да разговараат што да прават. Имаме предлози на маса, санкционирање на насилните доселеници, дури и до израелската влада, да видиме каде сакаат да одлучат земјите-членки. Но, заложниците сè уште не се ослободени, а нивото на хуманитарна поддршка мерено според бројот на камиони кои влегуваат во Газа, е на најниско ниво од почетокот на војната. Значи гладот се користи како воена рака. Од 400.000 луѓе се бара повторно да го напуштат северот на југ, југот на север, и северот на југ. Овие луѓе се исцрпени, не можат да се помрднат уште еднаш“ изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
Во изминатите девет дена, во израелските бомбардирања на најголемиот бегалски камп во Газа загинаа најмалку 300 луѓе. Израел издаде наредби за евакуација на болниците и ги блокираше резервите на храна како дел од неговата ескалирана офанзива во северниот дел на Газа.
Tea Димковска











