Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Професорката која побара 300 евра мито од студент за да му напише шестка, да добие забрана да предава – бара Обвинителството

/

пред 94 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Штип почна истражна постапка против 38-годишната доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, за „Примање поткуп“.

Според обвинителството, таа на 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа,  не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит.

„На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка“, наведуваат од Обвинителството.

Јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака