Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прогласена епидемија на детска парализа во Газа, населението е под ризик и од колера

/

пред 814 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство во Газа прогласи епидемија на детска парализа (полиомиелитис) во енклавата и за тоа ја обвини израелкската воена офанзива.

Светската здравствена организација минатата недела предупреди дека постои голем ризик од ширење на тој вирус во Појасот и надвор од неговите граници, поради исклучително лошата здравствена и санитарна ситуација во Газа.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел пред неколку денови изјави дека откривањето на полиомиелитисот во Појасот Газа е „исклучително вознемирувачко, велејќи дека дополнително го влошува статусот на окупираната територија, како една од најоапсните места за деца во светот“.

Таа изрази загриженост и поради ширење на други заразни болести, како колера, во Појасот Газа.