Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 5.8.2025

/

пред 427 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18°C, а максимумот од 25 до 33°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Крива Паланка, Ѓуриште, 2 Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Битола.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 22.0, Преспанско Езеро 20.0, Дојранско Езеро 26.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/