Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 25.5.2025

/

пред 499 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м²), особено во источните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 км/ч.)

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 13°C, а максимумот од 14 до 22°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Маврови Анови, 5 Крива Паланка, 4 Скопје-Петровец, Тетово, 3 Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.5, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 20.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/