Наутро со услови за слаба магла во котлините, а преку ден променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен, во западните делови и вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла и променлива облачност која ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 5°C, а максималната од 7 до 15°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-4 Берово, Битола, Попова Шапка, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид, Дојран, 1 Претор, Дебар.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
38 Маврови Анови, 20 Крушево, 12 Попова Шапка, 1 Ѓуриште.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 9.5, Преспанско Езеро 6.5, Дојранско Езеро 7.4
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











