Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 2.2.2025

/

пред 611 дена

Сподели преку :

Променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 6°C, а максимумот од 7 до 14°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, -2 Маврови Анови, -1 Попова Шапка, Битола, 0 Претор, Прилеп, Струмица, Демир Капија, Штип, Кавадарци, Тетово, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид,  Велес, Крива Паланка, Охрид, 3 Виница, Крушево.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

32 Попова Шапка, 15 Маврови Анови.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 4.5, Дојранско Езеро 7.6.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/