Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, од крајот на денот нестабилно и ветровито – Временска прогноза за 3.11.2023

/

пред 1068 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и релативно топло. Попладне и особено во текот на ноќта со врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец со брзина од над 60 km/h.

Во Скопје променливо облачно, попладне облачно со повремен дожд и со умерен до засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12°C, а максималната од 19 до 24°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

4 Попова Шапка, 6 Лазарополе, Берово, 7 Маврови Анови, 8 Крива Паланка, Крушево, 10 Куманово, Претор, Охрид, Битола, 11 Штип, Струмица, Прилеп, Виница, Скопје-Петровец, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 14 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

3 Берово, 1 Куманово, Попова Шапка, Маврови Анови, Охрид, Тополчани, Битола, Виница.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 18.0, Преспанско Езеро 15.5, Дојранско Езеро 19.0

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/