Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, посвежо и нестабилно – Временска прогноза за 20.8.2024

/

пред 779 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 19°C, а максималната од 27 до 33°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

10 Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, 15 Охрид, Куманово, Крушево, Дебар, 16 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, 17 Берово, 19 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија, Велес, Струмица.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

38 Демир Капија, 32 Куманово, 22 Гевгелија, 16 Лазарополе, 5 Маврови Анови, Дебар, Штип, 3 Прилеп, Крива Паланка, 2 Претор, Скопје-Зајчев Рид, 1 Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 25.0, Преспанско Езеро 23.5, Дојранско Езеро 27.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/