Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со локален слаб дожд – Временска прогноза за 3.1.2024

/

пред 1009 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со локален слаб дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, околу пладне со услови за слаб дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 3°C, а максималната од 8 до 14°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-1 Берово, 0 Попова Шапка, 2 Скопје-Петровец, Струмица, Лазарополе, Маврови Анови, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Крушево, 5 Крива Паланка, 6 Прилеп, Гевгелија, Виница, Дојран, Охрид, Куманово, 7 Претор, 8 Дебар.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

7 Маврови Анови.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

13 Маврови Анови, 8 Попова Шапка, 7 Дебар, Лазарополе, 6 Тетово, Охрид, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец, Демир Капија, Крива Паланка, 1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Крушево, Претор.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 7.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/