Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со сонце, попладне и навечер нестабилно – Временска прогноза за 18.8.2024

/

пред 780 дена

Сподели преку :

Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во Скопје променлливо облачно со сонце. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22°C, а максималната од 29 до 37°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.

Агропрогноза:

Изминатава седмица имавме многу високи температури. Овие температури се загрозувачки за сите земјоделски култури кои предизвикаа интензивна евапотранспирација и поизразено губење на почвената влага. Повеќето од културите, како што се овошките, се наоѓат во фаза на берба. Некои сорти на винова лоза се во фаза на зреење, и недостигот на вода може директно да влијае на синтезата на шеќер, ароматичните и други материи. Градинарските култури се во интезивен раст и берба, и имаат неопходна потреба за вода. Секоја култура во својот развој има потреба од вода, и секој недостиг на вода во овие фази силно се одразува на приносот. Затоа, се препорачува земјоделските производители да ги користат сите можни капацитети за наводнување на културите. Од денес и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Поради топлото време, да се почитуваат препораките за работа на отворено и сите активности кои се итни да се извршуваат рано наутро или приквечер.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

13 Берово, 15 Лазарополе, 16 Крива Паланка, Маврови Анови, 17 Битола, 18 Тетово, Охрид, Претор, Крушево, Попова Шапка, 19 Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, 21 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Гевгелија, Куманово, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

5 Берово, 3 Крушево.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 25.0, Преспанско Езеро 23.5, Дојранско Езеро 27.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/