Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промоција на домашни компании на новите глобални пазари во сенка на ловот по странски инвестиции

/

пред 342 дена

Сподели преку :

Економска дипломатија во две насоки – за привлекување на странски инвестиции, но и за промовирање на македонските компании на глобалните пазари во подем. Владата планира да отвoра нови дипломатски претставништва преку кои ќе ги пробива компаниите на пазарите кои се отвораат во Африка, во Азија, на Блискиот и на Средниот исток.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски смета дека дел од пазарите се запоставени, но тоа би требало да се смени во наредниот период и како пример наведе отворање на амбасада во Саудиска Арабија во текот на наредната година и олеснувањето на визниот режим со Обединетите Арапски Емирати.

Според економскиот аналитичар, Абил Бауш, македонските компании имаат потенцијал и тој треба да се негува и развива, истовремено барајќи пазари за пласман на производи, продукти и дејности кои се уникатни за Македонија.

Кога станува збор за привлекувањето на странски инвеститори во Македонија, министерството за надворешни работи не делува индивидуално, туку во координација со повеќе државни институции и агенции. Инвестициите кои се донесени во изминатата година и кои допрва треба да се промовираат кај домашната јавност се од тие остварени контакти, вели Муцунски.

Според бројките на НБРМ, во првите два квартала оваа година, во однос на истиот период лани, има значително намалување на странските инвестиции. Лани, заклучно со јуни, изнесувале над 560 милиони евра, годинава се над 200 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ