Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовиран реновираниот оперативен блок во „8 Септември“ – ќе биде отворен кога ќе добие дозвола

/

пред 145 дена

Сподели преку :

Денеска во Градската општа болницата ГОБ „8 септември“, се промовираше реновираниот оперативен блок. Реновирањето е комплетно завршено по највисоки медицински стандарди и како што рече директорот на болницата д-р Синиша Стојановски, ќе се нуди најсовремена услуга.

Со промоцијата на овој блок,  се заврши реновирањето на неколку операциони сали на Клиничкиот центар и во градската болница, за кои инвеститор е приватна компанија Тав со вложени 12 милиони евра.

Но за салите да бидат пуштени во употреба, има неколку фази кои треба да се завршат – најави директорот на болницата.

Прво треба да се обезбедат стерилни услови и услови за антисепса, потоа ќе следува обука на докторите за користење на опремата, па  да поминат сите инспекции, да издадат употребна дозвола и да се направи технички прием.

Директорот не можеше да прецизира со каква динамика ќе се одвива овој процес и кога операционите сали ќе бидат ставени во употреба.

На промоцијата на оперативниот блок, присуствуваа премиерот, министеррите за транспорт и врски, за здравство, директори на болници.

Иста е ситуацијата и со операционите сали во Клиничкиот центар кои беа реновирани и промовирани на почетокот на април. Министерот за здравство Азир Алиу рече дека имало административни проблеми но дека очекува наскоро да добијат дозвола за работа и да бидат функционални.

 

Реновирани шест хируршки сали на трауматологија, урологија и детска хирургија