Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовирана монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ од Ана Стојаноска

/

пред 1054 дена

Сподели преку :

Четириесет и осмото издание на фестивалот „ Млад отворен театар“ заврши денеска со промоција на монографијата „ Чашуле : приказнувачот“, од театарологот и писателка, Ана Стојаноска.

Во неа низ текст и фотографии, Стојаноска преку хибриден пристап си поигрува со книжевниот жанр и со различните содржини, посветени на творештвото на Коле Чашуле, родоначалникот на модернизмот во македонската драматика.

Книгата е направена како еден вид разговор, една хибридна книга која што си игра и со жанрот. Меѓутоа, си игра и со повеќе различни приказни, тргнувајќи од самиот наслов дека е приказнувачот, човекот што раскажувал приказни, човекот што ме научил да ги кажувам моите приказни. Во книгата се застапени неколку различни аспекти од неговото драмско творештво до неговото прозно. И најважниот, централниот дел од книгата, е реконструкцијата на претставата „ Црнила ремикс“ , која што е условно, последното издание на таа култна драма на Чашуле, на нашите простори. И посебно, за прв пат во театрологијата, направена е реконструкција врз база на музичката драматургија, изјави стојаноска.