Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промовирано издание за животот и делото на Кочо Рацин во три тома

/

пред 546 дена

Сподели преку :

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше промовирано ново издание, во три тома, за животот и делото на Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература и борец за македонската самобитност и социјална правда.

Ова издание на МАНУ се осврнува на поезијата, прозата, публицистиката и животописот на Рацин, а е објавено 38 години по претходното, шесттомно издание. Според академик Катица Кулафкова, која е главен редактор на ова издание, Рацин изворно ја доживеал македонската национална драма и можел да ја опее нејзината суштина на наш начин. Затоа тој е патоказ по кој што треба да се оди денес.

А, според претседателот на МАНУ, тритомното издание има карактеристики на критичко издание. Но, за целосно критичко издание треба дополнителни истражувања.