Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдено тело на 71-годишен скопјанец во реката Вардар кај Трубарево

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во водите на реката Вардар, во атарот на селото Трубарево, било пронајдено и извлечено тело на машко лице.

По извршени проверки, утврдено е дека станува збор за 71-годишниот П.С.  од Скопје, за кого на 23 декември 2025 година било пријавено дека се оддалечил од својот дом.

На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.