Безживотно тело на жена е пронајдено синоќа во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Настанот е пријавен синоќа околу еден часот по полноќ во струмичката полиција.
СВР потврдува дека е утврден идентитетот на починатата, станува збор за 71-годишна жена од селото Едрениково.
Повикана е екипа на Итната медицинска помош од каде е констатирана смртта, а на телото немало видливи знаци на насилство.
На местото на настанот пристигнал и јавен обвинител кој наредил телото да се даде на обдукција.
Сузана Мицева











