Конфедерацијата на слободни синдикати на протест пред собранието. Според претседателот на КСС, Благоја Ралповски, се бара усогласување на платите на вработените во јавниот сектор, по одлуката за покачување на минималната плата.
„Тоа не е барање од сега, тоа е барање веќе 4, 5 години, затоа што минималната плата се покачи веќе за 78% и направи голем притисок врз останатите плати, бидејќи предизвикува порамнување на платите на вработените во јавниот сектор “ – изјави Ралповски.











