Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест нa вработените во „Паркови и зеленило“

/

пред 339 дена

Сподели преку :

Независниот синдикат на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило – Скопје“ информира дека од денеска продолжуваат со протестите во периодот од 9:30 до 12 часот, бидејќи вработените сè уште не ја добиле платата за месец септември. Иако на состанок со директорот било ветено дека исплатата ќе се реализира, парите не се префрлени на сметките на работниците. Од синдикатот велат дека ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, меѓу кои се и неисплатени плати за претходни месеци, јубилејни награди, бонуси, К-15 и здравствено осигурување. „Работниците нема да отстапат од своите барања, а синдикатот останува доследен во борбата за достоинствена исплата и правичен третман“, се вели во нивното соопштение. Протестите, според синдикатот, ќе продолжат и во наредните денови сè додека не биде исполнета барем една од поставените цели. Вработените најавуваат дека ќе ги интензивираат активностите доколку состојбата не се реши во најбрз можен рок.