Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест на вработените во управата за водење матични книги

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Независниот синдикат на управата за водење матични книги излегоа денеска на протест пред Министерството за финансии.

Велат дека на овој чекор се одлучиле затоа што министерството нема слух за нивните барања, договорени со министерството за правда, односно зголемување на платите за 30% и нов колективен договор.

Тие средба бараат веќе две недели, но се уште нема одговор.

Претседателот на конфедерација на синдикалните организации на Македонија, Марјан Ристески, побара од Министерството за финансии конечно да ги повикаат на разговор и да кажат што се случува со барањата на штрајкувачите.

Од друга страна, Претседателот на независниот синдикат на управата за водење матични книги, Тони Милошески,  изрази уверување дека нивните барања договорени со Министерството за правда ќе бидат прифатени и од финансии.