Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест во Србија против говорот на омраза насочен кон студентите

/

пред 552 дена

Сподели преку :

Илјадници луѓе маршираа во четири српски градови против владиниот притисок и говорот на омраза насочени кон студентите и нивните професори. Протестните маршеви се одржаа во Белград, Нови Сад, Крагуевац и во Ниш.

Демонстрациите беа организирани еден ден откако жена со нож нападна декан на факултет во јужниот дел на Себија, за што демонстрантите го обвинија говорот на омраза поттикнат од највисоките функционери и провладините медиуми.

Претседател Александар Вучиќ се бори да ги задуши постојаните демонстрации и штрајкови предизвикани од уривањето на настрешницата на железничката станица во ноември, при што загинаа 16 лица.

Критичарите обвинија дека смртоносната несреќа е резултат на неконтролираната владина корупција која, според нив, доведе до невешто и небезбедно реновирање на зградата.Српските универзитетски студенти и нивните професори беа клучна сила зад масовните демонстрации, исто така, одразувајќи го поширокото незадоволство од владеењето на Вучиќ.