Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести во Иран поради високата инфлација

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Протестите против инфлацијата и девалуацијата на иранската валута се проширија низ повеќе градови на исламската република. Протестите започнаа во неделата откако сопствениците на продавници во Големиот базар во Техеран одржаа штрајк кога вредноста на иранскиот риал пад на рекордно ниско ниво. Како што беше случај и со сите останати демонстрации изминативе години во Иран, тие брзо преземаа форма на антивладини протести.

Одговорот на властите засега е благ и нетипичен за режимот во Техеран. Владата порача дека го слуша гласот на народот и соопшти дека веќе се водат преговори со претставници на демонстрантите.

„Повторувам дека слушањето на гласот на народот, дури и кога тој протестира и демонстрациите се претерани, е должност на владата. Ќе направиме сѐ што можеме да го вратиме мирот, преку процесот на дијалог кој веќе започна и преку реформи. Претседателот нареди да се создаде атмосфера на дијалог и со Божја помош, ќе ја вратиме стабилноста и мирот во општеството и во економијата“, изјави Фатеме Мохаџерани – портпарол на иранската влада.

Падот на иранската валута ја поттикнува инфлацијата што резултираше со зголемување на цената на храната и другите основни производи, а најавеното зголемување на цената на горивата дополнително го потхранува незадоволството кај обичните граѓани.

Игор Трајков