Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протестна нота на Бугарија до Македонија заради опожарувањето на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

/

пред 1583 дена

Сподели преку :

Бугарското министерство за надворешни му врачи протсетна нота на в.д. македонскиот амбасадор во Софија, Владимир Крстевски, поради пожарот во културниот центар во Битола.

На вонредна средба, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова, изрази загриженост и најостро го осуди делото, со које е нанесена материјална штета на објектот.

Ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем, пишува бугарското министерство за надворешни.

Бугарската страна е убедена дека настанот во Битола, не придонесува за развој на добрососедството и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Македонија.

Бугарското мнр ги повикува македонските власти итно да ги откријат и гонат сторителите кои го подметнале пожарот и навремено да ја информираат бугарската страна.