Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прскалките се вклучија на песната „Што сака нека биде“ огнот се ширеше со огромна брзина, најблиската врата зад бината беше заклучена со катанец- сведочеа во “Пулс“ преживени членови на ДНК

/

пред 223 дена

Сподели преку :

Прскалките се вклучиле на песната „Што сака нека биде“ – огнот почнал над бината, а потоа почнал да се шири со огромна брзина. Следувал  хаос стампедо и сцени од хорор филм, раскажуваа и денешните сведоци  од кои двајца преживеани членови на групата ДНК. Ана Костадиновска придружен вокал која не била постојан член на групата раскажуваше дека се обидела да излезе од најблиската врата зад бината но, таа била заклучена со катанец. А на главниот  излезот била заглавена.

  • Кога тргнавме кон излезот почна да се слуша пукање, паѓаа ситни пластики кои нѐ удираа по грбот. Се чувствуваше страшен мирис кој тераше на спиење, се трудев да не заспијам. Ми помогна еден дечко, нѐ држеше сите будни. Ногата ми беше приклештена, врз мене имаше многу луѓе. Многу беше страшно. Потоа се почувствува свеж воздух, не знам како се отвори вратата, еден дечко се помрдна, ја извадив ногата и еден од луѓето кои беа надвор ме извлече – сведочеше Ана Костадиновска.

И Костадиновска и гитаристот Горан Тонев одговараа дека не виделе кој ја внесувал местел, ниту активирал пиротехниката бидејќи по тонските проби се повлекувале, а подоцна на сцената веќе биле поставени прскалките но, секогаш се активирале на истата песна и до сега немало проблеми на настaпите каде што била користена.

Сведочеа и двајца млади посетители на „Пулс“. Едниот од нив рече од дознавале преку другари кога има полициска рација во „Пулс“ за малолетници и излегувале. Кобната ноќ пожарот не го сфатиле сериозно се надевал дека ќе биде брзо изгаснат и ќе продолжи забавата.

  • Ние во почетокот не сфаќавме колку е сериозна ситуацијата, си стоевме, мислевме дека е некоја анимација. Но, кога пејачот рече да излеземе, сфативме дека е сериозно и тргнавме да излегуваме. Многу беше задушливо и жешко, имаше многу чад. Сите наеднаш тргнаа да излегуваат и се создаде многу гужва на влезот. Јас ја поминав првата врата и се онесвестив пред втората врата – сведочеше Алберто Миладинов.

Одбраната утринава побара одлагање на судењето за како што велат двојните аршини на обвинителството кое во предметот за полицајците за делото тешки дела против општата безбедност  ги гони само оние поврзани со кобната ноќ.

  • Нема да навлегувам во она што е најактуелно во јавноста во претходните два – три дена. Ќе навлезам во конкретниот предмет. Имаме разлика во правната квалификација за овие луѓе кои што се овдека присутни со правната квалификација кој што го води ГОК, таква една диспропорција е дискриминирачка и недозволена и тоа што го прави ЈО “де факто“ е и злоупотреба на службената должност кај определени обвинители, рече адвокатот Петре Шилегов.

Родителите пак бараат да не се одолговлекува судењето и да се утврди правдата и одговорноста не само индивидуално, туку и системски вклучувајќи ги и службените лица кои со потпис или со молк направиле незаконитости.

  • Да ги прашам во Министерството за економија, кои дозволиле кабарето „Пулс“ да има лиценца, валидна или невалидна. Како може да се издаде лиценца за работа на ноќен клуб или кабаре, кога пренамената се уште не била направена, па оттука тие фактички дале лиценца за салон за теписи. Срамота е! Децата ни ги убија од лакомост за пари, кај ќе им оди душата?, праша родителот Александар Наунов.

Адвокатката на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов побара да биде префрлен од затворот во Куманово во Скопје поради, како што рече, деградирачки и нечовечки однос но, и затоа што не бил носен во болница.

Елена Ивановска Мукоска

Koстадиновска: Почувствував топлина, па избувна пламен – сведочење за пожарот во „Пулс“

Б.С.