Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв Центар за рехабилитација за лица со посебни потреби ќе се отвори во Штип

/

пред 346 дена

Сподели преку :

Родителите на лицата со посебни потреби со нетрпение го очекуваат Центарот за рехабилитација, кој ќе биде прв во државата. На децата и младинците преку терапевтски ативности ќе се овозможи да стекнат вештини за самостоен и независен живот.

Зоран Мијалков, родител на деца со попреченост и претсесдател на Здружението „Сплотени срца вели  Центарот кој ќе биде сместен во дел од зградата на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ дневно ќе може да згрижува 24 лица и  со нив ќе се работи на подобрување на состојбата во која се наоѓаат.

Преадаптацијата и опремувањето на Центарот, ќе чинат околу 11 милиони денари, 11 % треба да кофинансира општина Штип. Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов вели во моментот проектот е во фаза на тендерирање преку Министерството за социјална политика, демографија и млади. Очекува  наредната година Центарот да се  стави во функција.Во работата на Центарот активно ќе се вклучат и родителите, а ќе престојуваат по  4 часа, во две смени да се разделат децата од младинците.

Во фаза е и постапката за доделување на градежна парцела за изградба на Центар за младинци со посебни потреби, откако ќе заврши експропријацијата на земјоштето, ќе им биде доделено на родителите.

Во него ќе можат да се вклучат сите граѓани, како и пензионери кои со своите вештини и искуства би можеле да го збогатат живот на децата и младинците со посебни потреби.

Викторија Јованова