Прв пат обвинетиот го видов на телевизија кога го пречекаа на граничниот премин Деве Баир, сведочеше денеска поранешниот премиер Зоран Заев на судењето против Дејан Давидовски Дешо за настаните во Собранието на 27-ми април 2017 година на прашање на неговата одбрана дали може да го препознае Дешо и дали имал директен напад од него.
„Јас сум сигурен дека од него не добив удари по главата и телото. Воопшто не можам да потврдам дали бил во Собранието затоа што прв пат го видов на телевизија кога се врати во Македонија и никогаш порано ниту после тоа се немам сретнато со обвинетиот“, рече Заев.
Заев изјави и дека негов впечаток е дека сите граѓани кои влеглe во Собранието на 27-ми април се сериозно изманипулирани од други луѓе во врвот на власта во тој период и се сериозно излажани и инструирани за да кренат раце на други луѓе .
Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок. Судија во случајот е Илија Трпков. Првото рочиште се одржа во април откако Давидовски се предаде се предаде на македонските власти на граничниот премин со Бугарија. По него беше распишана меѓународна потерница. Тој избега од државата и беше во Шведска, а тамошниот Врховен суд не дозволи екстрадиција бидејќи станувало збор за политичко кривично дело. Судењето започна во април.
Ново судење за 27-ми април, адвокатот на обвинет Давидовски побараа изземање на судијата











