Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

/

пред 501 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, апелираше денеска до западните земји, да го забрзаат доставувањето на системи за против воздушна одбрана како начин да се спречат руските ракетни напади и да се забрза производството на оружје.

„Потребно ни е побрзо доставување на против воздушните проектили и системи“, изјави Зеленски на состанокот кој се одвиваше во седиштето на НАТО во Брисел, додавајќи дека акцентот треба да биде ставен на американските ракетни системи Патриот.

На состанокот на претставниците од 50-тина држави, кои ја поддржуваат Украина, не присуствуваше американскиот секретар за одбрана, Пит Сегет, прв случај шефот на Пентагон да не присуствува на состаноците на форумот за организирање на воената помош за Украина, кој беше формиран пред три години.

Неговото отсуство е последното во серијата чекори кои официјален Вашингтон ги презема за да се дистанцира од Украинските напори за одбивање на руската инвазија, која започна на 24-ти февруари, 2022-та година.