Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првата затворска казна за мачење и убивање куче стана парична

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Скопска Апелација ја преиначила затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична, потврдија од судот за Телма.  На обвинетиот Љубе Крстевски Кривичниот суд лани во јули му изрече три месеци затвор за кривичното дело убивање и мачење животни.

Апелација ја прифатила неговата жалба му ја сменила казната во парична, да плати 90 дневни глоби од по 20 евра или вкупно 1.800 евра. Одлуката била донесена во февруари.

Според обвинителниот, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми.

Заедно со другиот обвинет Бранко Билбиловски кој првостепено доби парична казна, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.