Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 6 месеци, први смртни случаи во Кина од корона

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Кина ги пријави првите смртни случаи од коронавирусот во последните шест месеци, а властите предупредија дека Пекинг се соочува со најтешката ситуација од почетокот на пандемијата, објави денеска Би-Би-Си.

Од саботата се пријавени три смртни случаи во Пекинг, со што официјалниот број на починати од вирусот во Кина се искачи на 5.229.

Во Пекинг, властите веќе воведоа карантин во областа Хаидијан, затворајќи ги сите продавници освен оние за основни потреби, како и училиштата и рестораните, а три милиони луѓе беа повикани да останат дома.

Оние кои патуваат во Пекинг ќе треба да направат тестови за коронавирус во првите три дена од нивната посета.

Смртните случаи се во период на протести поради стратегијата на Кина за нулта толеранција за коронавирусот.