Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

/

пред 513 дена

Сподели преку :

Според првичните излезни анкети од вториот круг на претседателските избори во Романија, проевропскиот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, освоил 54,1% од гласовите, додека за десничарот Џорџе Симион гласале 45,9% од избирачите, пренесува „Euronews“ Романија.

Избирачките места ќе бидат затворени во 20:00 часот по локално време (21:00 по македонско време), а излезноста изнесувала 64,7%.

Вкупно 11.637.946 регистрирани гласачи, вклучувајќи ја и дијаспората, имаа право на глас.

Во земјата гласале 9.994.982 граѓани – од кои 5.687.875 во урбаните и 4.164.206 во руралните средини.

Романците гласаат во одлучувачки втор круг на претседателските избори