Директорот на Македонската Царина, Бобан Николовски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма најави нов случај со заплена на 80 килограми марихуана за кој, како што рече, јавноста допрва ќе биде информирана во детали.
„Последниот случај со 80 килограми марихуана е чист погодок на нашето царинско разузнавање. Засега сме оптимално екипирани, но има потреба. Мислам дека има потреба од среднисти, луѓе кои што оперативно би работеле, меѓутоа од млади луѓе кои што царинскиот занает ќе го учат од почеток, ќе учат само од најдобрите и ќе ги учат само добрите работи. Таков кадар. Подобро никаков, ако не е ваков“, рече Николовски.
За случајот со запленетата марихуана во Србија, Николовски истакна дека македонската Царина работи на случајот уште од првиот ден, со јавното обвинителство и со министерството за внатрешни работи.
„Заедно, тимски работиме. Јавното обвинителството е поставено како контакт точка со српското Јавно обвинителство. Ние, како Царинска управа, си вршиме своја внатрешна контрола, полека, сигурно. и можам да кажам дека сме некаде повеќе од половина на контролата на целиот случај. Вршиме вантрешна контрола, но, да не бидам погреѓно разбран, за царинската постапка, т.е. дали има прекршување на царинската постапка во делот, гледајќи ги царинските службеници“, изјави првиот човек на Царината.
„Дококу стоката што била натоварена од одредена компанија, која што дотогаш немала никаков прекршок и била транспортирана од некоја компанија која што дотогаш немала, исто така, прекршок во царинските евиденции и била на „зелен канал“, како дел од царинската управа и цариник, искусен се сметам, од 2008 година сум внатре, не гледам причина како е пропустот на царинската управа зошто стоката излегла. Тоа треба да се прашаат колегите од српската Царина како влегло. Јас сум работел на тоа место, на таа позиција, пред многу години. Мене да ми се случело на „зелен канал“ да ми дојде такво возило, со таква стока, јас би го пуштил, со уредни документи, се разбира/ Затоа што е на „зелен канал“, затоа што во анализата на ризик вели дека нема проблем, документите ги гледате, споредувате со возилото…“, појасни Николовски.
С.Д.











