Претседателот на управниот одбор на федералните резерви на САД, Џером Пауел, по повеќемесечните критики и лични напади од американскиот претседател Доналд Трамп, го отфрли досегашниот пристап на игнорирање и ги обвини Трамп и неговата администрација за притисок врз независниот орган кој е одговорен за американската монетарна политика.
Потегот на Пауел доаѓа по отворените критики на министерството за правда на САД против него и институцијата која ја раководи поради реновирање на два канцелариски објекта на федералните резерви. Пауел изјави дека истрагите немаат никаква врска со 2,5 милијарди вредниот проект, кој Трамп го критикуваше како претеран, туку преку нив администрацијата и претседателот сакаат да ги казнат него и федералните резерви, затоа што не ја намалуваат каматната стапка, како што сака Трамп.











