Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прво записник, па проценка, па обесштетување – постапка за лицата кои претрпеле штети од невремето

/

пред 829 дена

Сподели преку :

Ситуацијата по вчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Лицата кои имаат претрпено штети, пријавуваат да се направи записник кој потоа ќе биде проследен до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, вели процената и утврдувањето на висината на штетата, настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии.

Додава дека утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на невремето и во рок од 360 дена од престанокот на невремето, потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај – Елаборат за утврдената штета.

Помошта може да биде во вид на непосредна парична помош или помош со намалување, односно ослободување од даночните обврски, кои се даваат без обврски за враќање, додава Ангелов.