Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПССЕ ја усвои препораката Косово да стане членка на Советот на Европа

/

пред 919 дена

Сподели преку :

Парламентарното собрание на Советот на Европа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани, со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на оваа организација, чија главна мисија е заштита на човековите права и развој на демократијата.

За извештајот гласаа 131 пратеник од 171 присутен, „против“ се изјаснија 29, а „воздржани“ беа 11 пратеници.

Меѓу пратениците што дале поддршка за извештајот се и двајца претставници од Македонија при Советот на Европа, Дарко Каевски од СДСМ и Арта Билали-Зендели од ДУИ.

По усвојување на извештајот, Парламентарното собрание на Советот на Европа сега треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство.

Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи на 16 и 17 мај во Стразбур. На усвојувањето на препораката му претходеше расправа која траеше повеќе од два часа.

Мнозинството пратеници кои зедоа збор го поддржаа членството на Косово во Советот на Европа, на кое, пак, од друга страна, жестоко се противи Србија.