Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукале во фазани од возило во движење – тројца ловокрадци фатени во ловиштето „Трубарево“

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Тројца ловокрадци вчера биле фатени во забранет лов на фазани во ловиштето „Трубарево“. Тие отстрелале седум фазани кои што ги ловеле од теренско возило во движење по нивите во ловиштето во Скопскиот регион.

Еден од ловокрадците возел, а другите пукале од едната и од другата страна на возилото. Инаку, ловокрадците, според сознанијата на концесионерот, на исти начин веќе подолго време го пустошеле ловиштето.

Концесионерот им ги одзел двете пушки, возилото и застреланиот дивеч. Случајот е пријавен во МВР. Законот предвидува строги казни за вакви дела покрај одземањето на предметите за лов и дивечот, предвидена е и парична казна.