Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двегодишно девојче пронашло пиштол во градинка, па случајно пукало во себе

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Трагичен настан се случил минатата недела во градинка во Лас Вегас.Двегодишно девојче од Лас Вегас случајно пукало во себе си откако нашло пиштол во дворот на градинката.Се смета дека девојчето го пронашол пиштолот откако тинејџер го фрлил како би се ослободил од него.

Тинејџерската расправија која се одвивала во градскиот автобус допринела за уште еден немил настан. Еден од тинејџерите пукал во другиот, а потоа оружјето го фрлил во дворот од градинката.

Дете помало од пет години, пронашло огнено оружје и го кренало од земја, а потоа пукало со него- Реџи Рејдер

Девојчето веднаш е транспортирано во болница, додека во петокот од полицијата соопштиле дека таа е во критично, но во стабилна состојба,  од полицијата наведуваат дека момчето кое најпрвин настрадало во автобусот е пренесено во болница и е во стабилна состојба.

Не ни кажаа што се случило, само да дојдеме, дека станува збор за итен случај- тетка на едно од девојчињата со кое повредена е во група

Дел од родителите видно вознемирени. Збунети како е возможно дете да пронајде огнено оружје пред воспитувачките во градинката.