Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукнала гума среде лет – „Боинг 777“ принудно слета во Лос Анџелес

/

пред 954 дена

Сподели преку :

„Боинг 777“ на авиокомпанијата „Американ Ерлајнс“ принудно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес поради сомнеж за механички дефект.

Авионот, кој полета од мешународниот аеродром Далас-Форт Ворт, слета на пистата 25 на аеродромот во Лос Анџелес, инцидентот мина без повредени, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.

Портпаролот на „Американ Ерлајнс“ соопшти дека пилотот пријавил можен механички дефект пред слетувањето. Нејасно е што точно се случило, и покрај првичните извештаи дека пукнала гума на авионот.

Инцидентот доаѓа по само неколку дена откако авион на „Јунајтед Ерлајнс“ од типот „Боинг 777“, кој полета од меѓународниот аеродром во Сан Франциско, мораше принудно да слета во Лос Анџелес, бидејќи загуби гума.

Во петокот вечерта, авион кој полета од Сан Франциско мораше принудно да слета, исто така, во Лос Анџелес поради проблеми со хидрауликата. Авиокомпанијата и типот на авионот во случајот не се познати.