Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин им објави војна на еврото и доларот „Токсични валути на непријателските земји“

/

пред 867 дена

Сподели преку :

Во Санкт Петербург е во тек Меѓународниот економски форум, а рускиот претседател Владимир Путин се обрати до медиумите и јавноста.

Нему на подиумот му се придружија претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагвејз и претседателот на Боливија, Луис Алберто Арче Катакора.

Во својот говор тој истакна дека е меѓу водечките светски сили за воспоставување на суверенитет и продолжи со потребата земјите да воспостават партнерства за да се справат со актуелните светски економски предизвици.

-И покрај сите пречки и нелегитимни санкции, ние сè уште сме еден од светските економски лидери. Пријателските земји, оние кои не се приклучија на санкциите, отпаѓаат на три четвртини од трговскиот промет на Русија и ги пофалувам поради тоа – рече Путин.

Меѓу другото, Путин рече дека Русија мора да ја зголеми употребата на незападните валути и дека неговата земја треба да го намали увозот.

-Трговијата со Азија расте, а речиси две петтини од руската надворешно-трговска размена е во рубљи, додека уделот во долари, евра и други западни валути е намален – им порача тој на присутните делегати.

-Ќе се обидеме да го зголемиме учеството во валутите на земјите од БРИКС, во кои спаѓаат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – рече Путин.

-Минатата година уделот на плаќањата за рускиот извоз во таканаречените „токсични“ валути на непријателските земји беше преполовен, додека учеството на рубљата во извозно-увозните трансакции расте, денес се приближува до 40 отсто.