Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин им се заблагодари на граѓаните на Русија и прогласи победа

/

пред 950 дена

Сподели преку :

Претседателот Владимир Путин ќе го продолжи своето речиси четвртвековно владеење за уште шест години.

Тоа го покажуваат прелиминарните резултати од гласањето на претседателските избори во земјата кои се спроведуваа изминатите три дена.

По преброени околу 80 отсто од гласовите, поддршка за Путин дале 87 отсто од избирачите. Путин ги поздрави резултатите и им се заблагодари на гласачите, велејќи им дека Русите се „еден тим“, додавајќи дека „изворот на авторитетот во нацијата е рускиот народ“.

На претседателските избори во Русија имаше симболично уште тројца други кандидати кои пак за време на предизборната кампања ниту еднаш не го критикуваа досегашниот претседател, а даваа и поддршка за руската инвазија во Украина.

Неговиот најжесток политички непријател, Алексеј Навални, почина во арктичкиот затвор минатиот месец, а другите критичари се или во затвор или во егзил. На Борис Надеждин, либерален политичар кој водеше кампања на антивоена платформа, му беше забрането да се кандидира од страна на изборните службеници.

Германскиот претседател нема да му ja честита на Путин изборната победа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер одлучи да не му честита на Владимир Путин за победата на претседателските избори во Русија, соопшти неговата прес служба.

„Денеска мислам на луѓето во Русија кои се борат за слобода и демократија и кои живеат во постојана опасност од режимот на Путин. Нема да ги заборавиме овие храбри луѓе“, напиша вчера Штајнмаер на социјалната мрежа „Икс“.

Германското Министерство за надворешни работи претходно објави своја реакција на Икс: „Псевдо изборите во Русија не се ниту слободни ниту фер, резултатот никого не изненадува.

Владеењето на Путин е авторитарно, тој се потпира на цензура, репресија и насилство. На претходните претседателски избори во Русија во 2018 година, Штајнмаер му ја честиташе на Путин на изборната победа.