Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин издаде наредба за регрутирање на нови војници

/

пред 750 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин издал наредба да се регрутираат нови 133.000 војници во есенското регрутирање, кое започнува денеска и ќе трае до крајот на годината, а според шефот на канцеларијата за регрутирање, регрутите нема да одат на боиштата во Украина.

Декретот на Кремљ, е објавен во вчерашниот руски државен весник „Росијскаја газета“, и со него се повикуваат на мобилизација граѓани на возраст од 18 до 30 години, кои не се во резерва и се предмет на воена служба во согласност со федералниот закон.

Со оваа наредба се предвидува руските резерви да се надополнат со нови 133 илјади војници. Шефот на руската канцеларија за регрутирање, вицеадмирал Владимир Цимлјански соопшти дека условите за регрутирање остануваат исти – 12 месеци воен рок во единиците на војската во Русија.

Русија започна инвазијата во Украина во февруари 2022 година. Киев и неговите сојузници тоа го нарекуваат брутална агресија и неиспровоциран, империјалистички обид за заземање на земјата. Во потег што го осуди поголемиот дел од западниот свет, Русија анектираше делови од југоисточна Украина, нарекувајќи ги „нови региони“.

Поради зголемените закани на западните граници на земјата, Путин нареди во септември руската војска да се прошири за 180.000 војници на 1,5 милиони активни војници, што ќе ја направи втора по големина во светот по кинеската.