Рускиот претседател Владимир Путин вети „интензивирање“ на нападите врз Украина по повеќедневното бомбардирање, порачувајчи дека руските сили ќе продолжат со гаѓање на „украинските постројки“.
Украинскиот воздушен напад врз Белгород беше причина за одмазнички напади на Русија. Во саботните гранатирања на неколку градови во Украина, меѓу кои и најголемите Киев и Харков, беа убиени 24 лица, а над 100 се повредени.
Обраќајќи се пред војниците, Путин рече дека војната се врти во корист на Москва и оти сака нејзино што поскоро завршување, но само под услови на Русија, пренесува „Би-Би-Си“.
Тој додаде дека западните сојузници на Украина се најголема пречка за завршување на војната, но истакна оти нивната реторика почнала да се менува, бидејќи сфатиле дека не можат да ја уништат Русија.











