Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Никој не може да утврди од каде е дронот, можеби е украински?

/

пред 128 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека никој не може да утврди од каде потекнува дронот кој погоди станбена зграда во Романија, додека истовремено се обиде вината да ја префрли на Украина.

„Украински дронови и претходно навлегуваа во Полска и балтичките земји. Мислам дека и тука е истата ситуација“, рече тој.

Во веќе познат тон, Путин изјави дека Романија треба да ги предаде остатоците од дронот на Русија, за Кремљ да може да утврди од каде потекнува беспилотното летало.

Истовремено, шефот на руската држава изрази подготвеност да ги продолжи разговорите со Украина. Тој оцени дека руските сили напредуваат во сите правци и дека „ситуацијата“ се приближува кон крај, но одби да даде конкретен временски рок во кој би можела да заврши војната, или според терминологијата на официјална Москва, „специјалната воена операција“.