Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Ова станува глобален конфликт – Зеленски до Западот: Ве тестира, морате да реагирате силно

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека употребата на ракети од производство на западните земји за напади на руска територија означува ескалација која вклучува елементи на глобален конфликт поради што е употребена нова балистичка ракета при напад на Украина.

Путин предупреди дека западната одбрана е немоќна да ја запре новата ракета која тој ја нарече Орешник и дека може да се користи за напад на секој украински сојузник чии проектили биле користени за напад на Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, нагласи дека тоа е доказ дека Русија нема намера да побара мир. Тој ги повика западните партнери на поостра реакција, предупредувајќи дека недостатокот на силен одговор од нив ќе биде сигнал дека руските напади се прифатливи.

Зеленски ја истакна потребата за акција и притисок врз Русија, нагласувајќи дека мирот може да се постигне само со сила. Се очекува дека оваа нова ескалација ќе предизвика натамошно заострување на меѓународните односи.