Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин по петти мандат наспроти симболично трио ривали – претседателски избори во Русија

/

пред 952 дена

Сподели преку :

Русите од денеска до недела ќе гласаат на претседателски избори кои имаат извесен исход. Актуелниот шеф на државата, 71-годишниот Владимир Путин е апсолутен фаворит, атакува на нов, петти, мандат, сигурен е во победа и според уставните реформи од 2021 година, би можел да остане на власт до 2036 година. Тој веќе сега е со најдолг престој во Кремљ од Јосиф Сталин кој почина во 1953 година.

Поради 11-те временски зони во земјата, претседателските избори почнаа на полуостровот Камчатка, а ќе завршат во недела во 19 часот во Калињинград. Ова се први претседателски избори во Русија на кои ќе се гласа неколку денови, но и први на кои, покрај традиционалниот начин, е овозможено и онлајн изразување на волја на електоратот. Освен во Русија, на овие избори за претседател ќе се гласа и во четирите украински региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кои Русија ги припои во септември во 2022 година. Очекувањата на гласачите одат во насока на единство, промени на подобро и почит во меѓународни рамки.

Анкетите и истражувањата на јавното мислење кои ги објавуваат руските медиуми покажуваат дека Путин ужива поддршка од околу 80 отсто од граѓаните, што е нешто повеќе отколку пред почетокот на војната во Украина. Негови противкандидати во претседателската трка се Николај Харитонов од Комунистичката партија, Леонид Слутски од националистичката либерално-демократска партија и Владислав Давенков од Нова народна партија.

Нивното место на гласачкото ливче се смета дека е од симболично значење. Ниту еден од нив не само што не го критикуваше Путин во кампањата, туку во голема мера ги поддржуваат политиките на Кремљ, но и војната во Украина. Потенцијалните кандидати кои се противат на руската инвазија, Борис Надеждин и Екатерина Дунцова беа одбиени од Централната изборна комисија, иако собраа доволен број на гласови за учество во претседателската трка.

Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 држави и пет меѓународни организации или вкупно 706 според Централната изборна комисија. Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, а резултатите се очекува да бидат познати најдоцна до 28 март.

Сашко Димовски