Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Русија е подготвена да им обезбеди нафта и гас на европските земји

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да им обезбеди нафта и гас на европските земји, истакнувајќи дека Русија отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија.

„Доколку европските компании и европските купувачи одеднаш одлучат да се преориентираат и да се стремат кон долгорочна, одржлива соработка ослободена од политички притисок, тогаш да, секако. Никогаш не сме одбиле. Подготвени сме да соработуваме и со Европејците“, рече Путин додека зборуваше на состанок за состојбата на пазарот на нафта и гас.

Во исто време, тој истакна дека руската влада разгледува дали би било корисно да се запре снабдувањето со гас за Европа и да се префрли на нови пазари што се отвораат и да се воспостави присуство таму, бидејќи Европската Унија планира да го запре увозот на руски гас во 2027 година.

„Не треба да чекаме вратата да ни биде треснатa пред лицето; треба да го сториме тоа сега и да ги пренасочиме овие количини од европскиот пазар кон поатрактивни дестинации“, рече Путин.

Тој додава дека Русија ќе продолжи да испорачуваме нафта и гас на земјите кои се сигурни партнери.

Т.Д.