Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин со честитки за „Вагнер“ и за руските војници по освојување на Бахмут: Сите ќе добиете државни награди

/

пред 1248 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им честиташе на приватната воена компанија „Вагнер“ и на редовната руска армија за заземање на градот Бахмут во источна Украина.

Во изјавата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека битката за Бахмут завршила со победа на Русија и дека сите кои се истакнале за време на борбите ќе добијат државни награди.

„Шефот на државата им честиташе на групите на „Вагнер“, како и на војниците од единиците на руските вооружени сили, кои им ја дадоа потребната поддршка, за завршувањето на операцијата за ослободување на Артјомовск“, се вели во соопштението.