Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин со пофалби до воената индустрија во земјата – квалитетно ја исполнувале одбрамбената наредба

/

пред 880 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министри и раководители на одбранбени претпријатија за развојот на руската воена индустрија.

Тој го пофали зголемувањето на производството во последните две години, велејќи дека повеќето претпријатија навреме и квалитетно ја исполнуваат државната одбранбена наредба.

„Тоа е добро темпо, висока јачина. Би сакал да ви се заблагодарам вам и на вашите тимови што се справувате со такви задачи, задачи од големи размери“, рече Путин.

Тој ја истакна важноста од создавање ефективна економија, особено во однос на војската.

„Економијата на вооружените сили, која е дел од економијата на целата земја, мора да биде соодветно изградена, така што секоја државна рубља функционира ефективно“, рече Путин.

Руската воена индустрија мора да го забрза воведувањето модерни технологии и иновативни решенија за да биде пред непријателот, нагласи тој.

„Повторно би сакал да нагласам дека мораме постојано да бидеме чекор понапред, постојано да бидеме пред непријателот и тогаш победата ќе биде загарантирана“, рече рускиот претседател.