Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работиме на механизми за деблокада на евроинтеграциите – Калас по средбата со Мицкоски

/

пред 508 дена

Сподели преку :

Брисел има простор и механизми за деблокада на македонските евроитеграции, но да се држиме до планот А преку уставни измени до ЕУ, порача Каја Калас, високата претставничка на Унијата за надворешна и безбедносна политика, по средбата со премиерот Мицкоски. Тој, пак, соопшти дека подготвува аргументи за билатералната средба со Бугарија.

Се договара средба Македонија – Бугарија со присуство на ЕУ и САД во ХАГ, за можна деблокада на македонските евроинтерграции. На претстојниот самит на НАТО, владините аргументи ќе ги испорача претседателката Силјановска Давкова.

Средбата Калас – Мицкоски ја следеше колешката Далиборка Демјанска Цветановска.