Само еден ден откако бугарскиот премиер Кирил Петков побара обединување и на власта и на опозицијата околу носењето на решение по отворените прашања со Македонија, претседателот на Бугарија, Румен Радев, со предупредување до Петков – да се држи до националните интереси.
Во спротивно може да предизвика нова политичка криза во Бугарија. Радев му порача на Петков и да внимава како реферира кон македонските Бугари, кои според него, не се малцинство во Македонија.











