Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рафинериите се легитимна цел за нас – украинската вицепремиерка со реакција на повикот од САД да запре гаѓањето на одредени руски мети

/

пред 945 дена

Сподели преку :

Руските рафинерии се легитимна цел на украинската армија, рече украинската вицепремиерка Олга Стефанишина во одговор на денешната реакција на Вашингтон дека Киев треба да запре со нападите со беспилотни летала врз рафинерии во западниот дел на Русија.

„Ги разбираме повиците на американските партнери, но во исто време се бориме со капацитетите и ресурсите што ги имаме“, рече Стефанишина на безбедносен Форум во Киев. Таа додаде дека, од воен аспект, и енергетските капацитети се легитимни цели.

Соединетите Американски Држави денеска ја повикаа Украина да ги запре нападите со беспилотни летала врз руските нафтени рафинерии и друга енергетска инфраструктура, наведувајќи дека нападите може да ги зголемат глобалните цени на нафтата и да предизвикаат руска одмазда, потврдија три неименувани извори запознаени со ова прашање.

Повторените предупредувања од Вашингтон се испратени до високи функционери на службата за државна безбедност на Украина (СБУ) и на нејзината управа за воено разузнавање позната како ГУР, дознава „Фајненшл тајмс“.

Од почетокот на руската инвазија, двете украински разузнавачки служби континуирано ги прошируваат своите програми за беспилотни летала за да напаѓаат руски цели на копно, море и во воздух.

Неименуван, добро информиран извор за „Фајненшл тајмс“ потврди дека Белата куќа е сè пофрустрирана од нападите со украински беспилотни летала врз рафинерии, терминали и магацини низ западна Русија, оштетувајќи ги руските производствени капацитети.